Новинарот на Телма, Павле Беловски вечерва бил нападнат со тупаници од страна на непознато лице пред зградата на МВР додека се подготвувал да се јави во живо во вестите на телевизијата.
Нападот се случил на три минути пред да се вклучи во вестите. Одеднаш непознатото лице му пришло и го нападнало. Веднаш се стрчале тројца полицајци, кои го привеле, односно му ставиле лисици и го однеле во полициска станица
Од МВР информираат:
Вечерва околу 21.20 часот на ул.„Димче Мирчев“ бр.9 пред главната капија на МВР на РМ, Беловски Павле (1987) год.од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма без повод и причина бил физички нападнат од страна на Коста Попризов ( 1984) год. од Скопје, при што повеќе пати бил удиран со раце и нозе во предлеот на лицето, главата и телото иr нанесенимуr се видливи повреди во вид на оток. Коста е приведен во ПСОН Центар за расчистување на настанот.


