„Мини“ денес наликува на оригиналот само во некои ситници, велат познавачите. А, тоа го покажува и внатрешноста на новиот „Купер“, заедно со најсовремената технологија на палење и приказ на податоците. Тоа е дисплејот за којшто автопроизводителот се труди да го покаже како врска со оригиналниот модел – култниот автомобил од 1960-тите и ремек-дело на Алек Исигонис.
Самиот концепт со предната арматура каде што главниот показател е поставен во средината. Кружниот облик е сѐ уште тука, положбата му е подигната и делумно „лебди“, а тоа сега е многу повеќе од брзинометар – ова е спој на „табла со инструменти и податоци со забава“, како што вели описот.
Овен тоа, „Мини“ ќе се нуди и како електромобил со посебна платформа. Овде се говори за 181 коњска сила и батерија од 40,7 киловат-часови кај основната верзија и 215 КС и 54,2 кВч кај верзијата „Купер СЕ“.
МИА


