Најдобриот германски кошаркар на сите времиња Дирк Новицки одлучи да му остане верен на Далас и во овој клуб да ја заврши кариерата.
Актуелниот договор на крилниот играч му истекува на крајот на сезоната, по која ќе потпише нов двегодишен или тригодишен по што заминува во пензија.
– На лето ќе бидам слободен играч, но одлучив да останам во истата средина. Се додека можам да ги издржам физичките напори ќе играм. Задоволство ми е кога сум на теренот. Сепак по истекот на новиот договор ќе имам 38 или 39 години и веројатно ќе се повлечам, изјави Новицки.
Германецот од 1998 година е член на тимот од Тексас, а во 2011 беше еден од најзаслужните за освојувањето на шампионската титула.
Доколку остане во Далас, Новицки ќе биде еден од ретките кошаркари кои во текот на НБА кариерата не го смениле клубот.
]]>


