Новогодишен финансиски хороскоп, некој ќе штеди, некој ќе троши: Еве кој ќе плива во пари во новата 2023 година

Финансискиот хороскоп за 2023 година открива кои знаци одлично ќе заработат, а кои ќе треба да внимаваат на трошоците. Ѕвездите нема да бидат подеднакво добри за сите, па дознајте дали припаѓате на оние кои ќе се збогатат во 2023 година или пак неповолните околности ќе ве принудат да штедите.

Овен

До средината на мај ќе уживате во поддршката на Јупитер, па финансиската состојба нема да ви биде лоша, но од јуни до крајот на годината ќе доживеете вистниски финансиски плус на сметката. Иако одлично ќе заработите, внимавајте да не се занесете. Не трошете ги сите пари на забава и задоволства.

Бик

Пред Биковите е поволна година на сите полиња, вклучително и на финансиското поле. Напролет ќе им се зголемат финансиските апетити, па ќе почувствуваат потреба да напредуваат или да најдат подобро платена работа. Тие не се плашат од промени, а храброста и самодовербата ќе им обезбедат големи можности.

Близнаци

Многу луѓе во првите месеци од годината ќе ја подобрат финансиската состојба или преку зголемување на платата или со наоѓање дополнителен извор на приходи. Можна е и добивка од наследство. На лето околностите се менуваат, па до крајот на годината ќе се жалат на нестабилните услови. Рационализирајте ги трошоците и внимавајте на небезбедните инвестиции.

Рак

Иако почетокот на годината нема да биде ветувачки, со доаѓањето на пролетта ќе забележите дека се си доаѓа на свое место. Ќе дојдете до повеќе пари, или некои што вам ви припаѓаат, некој ќе ви го врати долгот или конечно ќе го исплатите кредитот. Многумина ќе се здружат со пријател и ќе започнат бизнис кој ќе биде добар дополнителен извор на приход. Во летните месеци можни се зголемени трошоци, како што и е вообичаено за вас.

Лав

Оваа година ќе бидете дарежливи, но финансиските околности нема да ви бидат толку поволни за да ви овозможат луксузен живот. Ќе трошите повеќе, а таквиот пристап може да доведе до долгови. Размислете како да заштедите и смислете рационален план за трошење во договор со вашето семејство.

Девица

Не е поволна година за Девиците, но нема да им оди лошо на финансиски план. Првиот дел од годината за некого носи профит од вложување или наследство, а особено е изразен бенефитот од долгорочните вложувања. За некои, работата во странство ќе обезбеди можност да го здебелат домашниот буџет.

Вага

Вагите можеби во првиот дел од годината нема да бидат задоволни со приходите, но по јули ќе им се даде можност да заработат од некоја паметна инвестиција. Можен е и профит преку наследство или продажба на недвижен имот. Следната година ќе им донесе можност да се ослободат од долговите и да си ја подобрат финансиската состојба.

Шкорпија

Дури во март Шкорпијата ќе забележи дека работите се подобруваат. Ќе подмират некои стари долгови и ќе го исплатат кредитот, по што ќе почувствуваат олеснување, а воедно ќе им се даде можност да напредуваат на работа или да најдат дополнителен извор на приходи. Есента е поволна за нови инвестиции и поголеми купопродажни активности.

Стрелец

Периодот до јули ќе биде релативно поволен, но остатокот од годината ќе бара малку да го „стегнат џебот“. Ќе им се наредат непредвидени трошоци, па ќе сфатат дека секогаш треба да имаат некој денар на страна за „лошите“ денови.

Јарец

Јарецот го очекува финансиски плодна година. Можеби на почетокот нема да изгледа така, но со доаѓањето на пролетта ќе забележат дека финансиската состојба им се подобрува. И самите ќе бидат одговорни за тоа, бидејќи по добриот старт на годината, ќе се ангажираат повеќе и ќе започнат дополнителни бизниси од кои ќе заработат многу пари.

Водолија

Пред нив е финансиски тешка година. Околностите ќе ги наведат да ги променат навиките за трошење и да почнат да штедат повеќе. Ќе се откажат од некој луксуз, но нема ни да им биде тешко бидејќи ќе се задоволат со постигнатата заштеда. Во текот на летото можни се непредвидени трошоци.

Риба

Првата половина од годината ќе биде доста плодна за Рибите. Јупитер им носи финансиски поволни можности за заработка, а мудроста и промисленоста ќе им помогнат да ги разликуваат ветувачките можности од лажните обиди за измама. Тие би можеле да најдат дополнителен извор на приход или подобро платена работа.

Најчитани вести