Обама објави фотографија со сопругата: Toлку сум среќен што си моја

Поранешниот американски претседател Барак Обама објави нова фотографија на неговиот профил на Твитер на која е фотографиран заедно со сопругата Мишел. Двојката ја прослави 31-годишнина од бракот, а гордиот сопруг ѝ честиташе на својата сакана сопруга.

„Среќна годишнина, душо! Ти си брилијантна, љубезна, забавна и убава. Многу сум среќен што можам да те наречам моја“, напиша Барак.

Фотографијата за неколку часа собра речиси 900.000 лајкови.

Најчитани вести