Фотографии од гламурозната свадбена церемонија на јорданската принцеза Иман, која траела само 15 минути и се одржала во резиденцијата на кралот Абдула и Ранија, во палатата Беит Ал Урдун, се објавени на социјалната мрежа Инстаграм.
Принцезата Иман од Јордан се омажи за бизнисменот со грчко потекло Џамеел Термиотис на кралска церемонија одржана во Аман, а настанот бил емитуван и во живо на државната телевизија.
Таа е најстарата ќерка на кралот Абдула и кралицата Ранија и прва се омажи, додека нејзиниот брат и престолонаследник Хусеин е верен со Раџва Ал Саиф од Саудиска Арабија, но нивната венчавка е закажана за 1 јуни. 2023 година.
За време на официјалното потпишување на документите, принцезата седела помеѓу нејзиниот татко, кралот Абдула, и нејзиниот сопруг, Џамеел Термиотис, додека тие ги потпишувале документите.





Ќерката на кралицата Ранија се омажила во венчаница на Диор на 15-минутна свадбена церемонија, според објавите на неколку медиуми девојката поминала под копјата на Кралската почесна гарда и со арапски меч ја пресекла свадбената торта со шест нивоа.
На церемноијата присуствувале неколку истакнати гости, меѓу кои и шеикот Калед бин Мохамед, член на Извршниот совет на Абу Даби и претседател на извршната канцеларија на Абу Даби, како и шеикот Иса, син на престолонаследникот на Бахреин, Салман бин Хамад, како и други кралски семејства од Египет и Кувајт.


