Обрван очекува груба игра од Унгарците

Македонија попладнево од 16 часот против Унгарија ќе го започне вториот круг од Европското првенство, а за овој натпревар селекторот Ивица Обрван верува дека ќе биде исцрпувачки со многу силни дуели.

 
Време за подготовки имаме колку што имаат и другите селекции. Ќе се обидеме да постигнеме уште една победа. Унгарија со две нерешени избори втора фаза, но таа селекција е постојан учесник на Европски и на Светски првенства. Имаме лоша традиција со нив, а имаат и квалитетен состав со поголем избор на играчи. Станува збор можеби за најгрубата одбрана, селекција која игра со многу остри стартови, изјави македонскиот селектор.
 
Обрван е задоволен што добива уште еден играч во ротацијата.
 
– Прибак ќе биде добредојден во ротацијата ќе игра место Стојчевски (веќе се врати во Македонија) во напад и во одбрана за да го одмори Миркуловски на позицијата централен бек, истакна хрватскиот стручњак.
 
Македонија со евентуална победа ќе биде многу блиску до одбрана на петтата позиција од претходното ЕП, а ќе има  можност да се вмеша и за повисок пласман.
]]>

Најчитани вести