Од 1 мај бесплатен железничи превоз

Согласно мерките за намалување на трошоците на живот за граѓаните, Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје донесе одлука да се воведе бесплатен превоз во железничкиот сообраќај, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Бесплатниот превоз се воведува за млади лица до 27 години, секоја прва и трета недела во месецот, во период на викенд денови од петок од 12 часот, до понеделник до 12 часот, за возрасни лица, жени над 62 години и мажи над 64 години секој втор викенд во месецот (петок, сабота и недела).

Бесплатен превоз исто така ќе има и за студенти секој четврток и за сите ученици во средното образование и тоа еднаш неделно во среда.

Бесплатниот превоз се воведува од 1 мај 2022 година, согласно возниот ред на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје за 2022 година.

„Со оваа мерка овозможуваме континуирана поддршка на граѓаните се со цел поттикнување на железничкиот сообраќај како најевтин и еколошки превоз“, истакнаа од Министерството.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести