Во само десет отсто од државите клучна функција претседател или премиер ја имаат жени. Поголемиот број од нив имаат прекари како „челична“, „ледена“, „мама“…
Прва жена ѕвезда во политиката беше Маргарет Тачер или „Челичната лејди“
– Жената сосем добро се снаоѓа во политика. Сепак некои работи мажите ги прават подобро. На пример, подобро цепат дрва – смета германската канцеларка Ангела Меркел која мудро користејќи го патот што и го направи претходникот Шредер, успеа на Германија да и даде нова енергија.
И нејзината колешка Шмит од Данска, совен по скапите чевли и брендирана гардероба, ќе остане запаметена и по правилото секој вработен да мора да одработи по 12 минути подолго, што и допринесува на економијата на земјата цел час дополнителна продуктивност неделно.
На премиерката на Норвешка Erna Solberg пример и е Меркел па во нејзиниот кабинет половина од вработените се жени.
Јужна Америка предничи во светот кога се во прашање жените на чело на држави – тука се Бразил, Чиле, Аргентина.
Токму во Аргентина жена е на чело на државата втор мандат едно по друго.
Иако прави се да ја зајакне економија на својата држава Kristine Fernandes de Kirhner не може да побегне од нејзиниот прекар „Кралица на ботоксот“
Победата на Колинда Грабат Китаровиќ на минатонеделните претседателски избори во Хрватска, нема да доведе до драматични промени во начинот на водење на политиката на државата, тврдат аналитичарите. Сепак сигурно со својата женска реторика на веќе искусен политичар ќе разбранува страстите не само во Хрватска туку и во регионот.







