Во две кражби во Скопје што се случиле изминативе два дена, крадци од куќа и од стан одзеле пиштол, лап топ, пари и златен накит, соопшти МВР.
Првата кражба се случила вчера, на ул. „Хелсинки“, кога непознат сторител преку незаклучена врата влегол во куќата на Д.А.А.(58). При тоа одзел лап топ компјутер и разновиден златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од 220.000 денари.
На 15.01.2014 година, на ул. „Коста Новаковиќ“ непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во станот на С.Ѓ.(62), од каде одзел пиштол, паричник во кој имало 1.000 евра и разновиден златен накит.
]]>


