Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, додека цената на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар и од полноќ ќе чини 52,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар по литар и ќе изнесува 41 денар. Помала цена ќе има и мазутот М-1 НС кој ќе изнесува 27,498 денари за килограм.
Малопродажните цени на бензините не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 останува на 66,5 денари, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува на 68,5 денари.
Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ја посочуваат за 1,36 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.


