Имено, вчера, откако завршиле со фотсесијата, наместо со такси, тие се качиле во градски автобус, а фотографијата ја направил некој „таен“ фотограф, благодарение на кој денеска се главна тема на социјалните мрежи.
Сцената израдувала многумина, а оние 5-6 патници кои биле во автобусот им честитале.
„Се венчавме на први мај во Нови Сад, бидејќи живееме таму. Сакавме да имаме слики и од Белград, град за кој сме особено приврзани, бидејќи таму се запознавме. Посебно ми се допаѓа Белград, мајка ми е од Белград, па сакав фотосесијата да биде токму таму два дена по венчавката и да биде симболично. Бевме совршени, бевме среќни и расположени, цело време се шегувавме и се фотографиравме низ целиот град. Сите минувачи се насмевнуваа кога не гледаа, ни праќаа бакнежи и честитки – раскажува невестата.
„Кога завршивме со фотографирањето, брзавме за во ресторан, имавме резервирација за во 21 часот и за да не чекаме такси, а автобусот „26“ веќе доаѓаше, одлучивме да одиме со него, само три станици беа во прашање. Не ни забележавме дека некој
нè фотографира. Една госпоѓа праша дали сме вистински младенци и ни честиташе, се присетува Мајда.
„Мноу ми е мило што ги насмеавме луѓето. Случајно се повозивме три станици и не ни можевме да замислиме дека ќе ги добиеме овие реакции“ – раскажал брачниот пар за „Блиц“ и се заблагодарил за бројните честитки од непознатите лица.
]]>


