Одбојкарите на Струмица го победија Капошвар во ЦЕВ Купот

Екипата на Струмица вчеравечер го победи унгарски Капошвар од Унгарија со 3:0 во 1/16финалето од Купот на ЦЕВ.

На мечот одигран во „Парк“ во Струмица, домашните одбојкари  првиот сет го добија со 25:19, во вториот беше најнеизвесно и заврши со резултат 25:23, додека третиот 25:19. 

Репрезентативецот Никола Ѓорѓиев беше најефикасен со 17 освоени поени.

Реваншот ќе се игра по седум дена во Унгарија. 

МИА

Најчитани вести