Оџак предизвика пожар во Рамстор

Поради насобраната мрснотија и висока температура во еден оџак утринава во трговскиот центар „Рамстор“ изби пожар.

Уште пред да пристигнат противпожарните служби, се вклучил системот за брзо гаснење со кој располага трговскиот центар со чија помош успешно завршила интервенцијата.

Според командантот на Противпожарната бригада Скопје, Благоја Менковски се работи за  димноводен систем на еден од рестораните во трговскиот. Интервенцијата била успешна и не е причинета материјална штета, ниту има повредени.

Пожарникарите се сѐ уште на терен, додека да се расчисти димот во трговскиот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести