Попладнево во Скопје, се одиграа двата први натпревари од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.
На Арената Филип Втори Работнички обезбеди висока предност од 2-0 против Брегалница која ќе мора да направи чудо во реваншот во Штип за да ги елиминира „романтичарите“.
Уште во првата акција по само 27 секунди домашната екипа преку Милован Петровиќ дојде во водство со 1:0, што беше и резултат со кој се замина на полувремето. Во 72.минута 17-годишниот Таулјант Сулејманов го постигна вториот гол за Работнички и донесе значајна предност на својата екипа за реванш натпреварот.
Гостите од Штип во 93.минута имаа убава шанса преку Наумов да постигнат гол, но неговиот удар заврши во гредата.
На вториот натпревар одигран на стадионот во скопската општина Ѓорче Петров, фудбалерите на Тетекс и Металург одиграа нерешено 0:0.
Реванш натпреварите ќе се играат на 16 април.
]]>


