Откако синоќа, околу 22.30 часот, беше приведен поранешниот директор на ДБК, Александар Верушевски, од обвинителството денеска информираа дека му е одреден притвор од 30 дена.Во соопштението од Обвинителството Верушевски не е спомнат со име, туку се наведува дека изречената мерка се однесува за поранешен висок функционер.
– Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против осомничено лице, кое се товари за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распсркувачки материјали“, се вели во соопштението на Обвинителството, каде не е спомнато името на Верушевски.
Како што соопшти МВР,мерката притвор му е изречена бидејќи е осомничен за две кривични дела – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и „Прикажување порнографски материјал на дете“.
При претресот во неговиот дом биле најдени два пиштола (Бровинг-Херстол калибар 9мм и Црвена застава М 70, калибар 7,65 мм), за кои не била најдена дозвола за легално поседување. Постапено е и по наредба за одземање компјутерски систем и нивна анализа.


