Во седиштето на УЕФА во Нион денеска со извлекување беа одредени двојките за баражот за Европското првенство што следната година ќе се игра во Франција (ЕУРО 2016).
Норвешка и Унгарија, Босна и Херцеговина – Република Ирска, Украина – Словенија и Шведска – Данска се двојките за баражот. Подобрите селекции од четирите двомеча ќе се пласираат на ЕУРО 2016 и ќе ја комплетираат бројката од 24 селекции учеснички.


