Додека криминалците на власт лапаат пари од криминални тендери, за младите студенти се оставени без основни услови, немаат топла вода, немаат соодветна храна, глувци им се шетаат по собите.
Ова е понижување а не достоинствен живот.
Денес сме пред студентскиот дом „Гоце Делчев“, симболот на студентскиот живот, кој власта на Мицкоски го претвори во симбол на понижување, негрижа и распад на системот.
Додека младите преживуваат во распаднати домови, оваа власт троши милиони на криминални тендери, партиски вработувања и бизнис шеми.
Тоае вистинското лице на ВМРО-ОКГ.
За криминални тендери има пари. За луксуз, авиони и привилегии на функционерите има пари.
За младите – нема.
Мицкоски им ја краде иднината на младите додека лажно и лицемерно ги повикува да не се иселуваат.
А младите поради него и криминалната организација ВМРО сакаат да се иселат, поради криминалот, корупцијата, сиромаштијата, немањето систем, партизацијата.
Мицкоски и неговата влада намерно ја туркаат Македонија во изолација, далеку од Европската Унија, затоа што европските правила значат крај за нивниот криминал и корупција.
Токму младите ја плаќаат најголемата цена за таа политика.
Наместо европски студентски стандард, модерни кампуси и услови какви што имаат младите во Европа, македонските студенти добиваат мувла, студени соби, мувла и распаднати тоалети.
Ова е последица на една криминална власт.
Мицкоски им порача на младите дека бил подготвен да чека децении за ЕУ. Тоа значи децении сиромаштија, децении иселување и децении без перспектива.
Ние младите не прифаќаме.
Младите сакаат Македонија во ЕУ.
Сакаат европски услови за живот.
Сакаат држава во која парите ќе одат за студентите, а не за криминални тендери и бизнис интереси.
Изјава за медиуми, Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор на СДСМ


