Ограбен сиријски емигрант

Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Гевгелија до ОЈО-Гевегелија поднесе кривична пријава против С.К.(44) од Конче постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба,, предвидено и казниво по чл.236 ст.1 т.З од КЗ. Пријавениот на ден 04.07.2015 година во периодот од 13,00 часот до 14,00 часот искористувајќи ја згодната прилика т.е отсуството на сириски државјанин, пред поголем број на очевидци на јавно место одзел два црни ранци, сопственост на оштетениот и неговиот другар кои биле оставени кај локомотивата наспроти железничката станица. По извршување на делото, пријавениот ги однел во неговиот дом во Гевгелија. Имено сирискиот државјанин кога стигнал во полициската станица на железничка станица во Гевгелија во 13,00 часот чекал на ред за добивање потврда со намера за барање азил во полицијата, ги оставил двата ранци кај семејство од Сирија кои биле сместени во паркот наспроти железничката станица, со цел да им ги причуваат. Откако после еден час се вратиле по ранците, дознале дека семејството од Сирија нивните ранци им ги оставиле во паркот и заминале. Потоа сретнале неколку очевидци идознале опис на осомничениот, го пријавиле настанот, па заедно со претставници од УНХЦР се упатиле кон неговиот дом. По превземање на мерки и дејства пријавениот е лишен од слобода и ранците и паричните средства кои биле во нив се пронајдени и вратени на оштетените.

Извор: Објектив

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести