Омилената храна може да го забави стареењето, велат научниците

Сооединение кое природно се наоѓа во темното чоколадо може да има позитивен ефект врз процесот на стареење. Неодамнешните истражувања го испитуваа теоброминот, растителна хемикалија која се наоѓа во големи количини во какаото и припаѓа на групата алкалоиди, од истото семејство како и кофеинот. Теоброминот се изучува за потенцијални здравствени придобивки, вклучително и можна врска со стареењето на клеточно ниво.

Научниците анализирале податоци од две големи и независни групи испитаници. Првата група се состоелА од 509 женски близнаци од проектот TwinsUK, а втората група се состоела од 1.160 мажи и жени од германската студија KORA. На учесниците им биле земени примероци од крв за да се измерат нивоата на теобромин и да се анализираат епигенетските маркери, вклучително и епигенетските часовници кои ја проценуваат биолошката возраст, објавува EatingWell.

Резултатите покажале дека повисоките нивоа на теобромин се поврзани со побавно епигенетско стареење. Во групата TwinsUK, лицата со повисоки нивоа на теобромин изгледале биолошки помлади од нивната вистинска возраст, а истиот модел бил потврден и во поголемата група KORA. Дополнителни анализи покажале дека перформансите биле поизразени кај сегашните и поранешните пушачи.

Авторите истакнуваат дека истражувањето има одредени ограничувања, вклучувајќи го временскиот јаз помеѓу земањето примероци во една група и можноста дека теоброминот е само индикатор за исхрана богата со други корисни соединенија од какаото.

Бидејќи ова е опсервациска студија, не може да се докаже причинско-последична врска. Сепак, наодите сугерираат дека исхраната богата со производи од какао може да има корисен ефект врз здравото стареење.