Провладината медиумска машинерија известува за повик за „масовно спонтано собирање“, инициран на социјалните мрежи, за да се искажe „жесток“ револт за шпионажата на Зоран Заев и Верушевски.
„Ова што денеска ни беше обелоденето е жив срам за нашата држава и за нашата нација! Очигледно е дека самите од себе си патиме и дека треба конечно да се стави крај на работењето против нашиот народ, против нашата татковина. Неколку пати ја продадоа Македонија, името и го сменија, знамето и го сменија, а еве сега и сакаат да не продадат на странски служби. Ние сме МАКЕДОНЦИ и треба да си ја чуваме нашата МАКЕДОНИЈА! Да се собереме спонтано и да го искажеме нашиот револт кон ваквото однесување! АЈДЕ МАКЕДОНЦИ – ТАТКОВИНАТА Е ВО ПРАШАЊЕ ! ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА РАБОТАТА НА ПРЕДАВНИЦИТЕ! ТИЕ СОРАБОТУВААТ СО СТРАНСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ! НЕ СМЕЕМЕ ДА ИМ ПРОСТИМЕ НА КОДОШИТЕ И ШПИУНИТЕ!“ – стои во повикот.
Од членови на владеачката партија, до редакцијата на порталот Centarnews пристигнале неофицијални информации, дека ВМРО-ДПМНЕ уплашени од можни граѓански собири, подготвувале контра-протест на истите.
Според информациите, попладнево пред Народната банка забележана била група на луѓе кои организирано се качувале во автобусите на ЈСП – Скопје.

Како што пишува порталот, станува збор за членови блиски на владеачката партија кои се информирани да се собираат пред Собранието во 17:00 часот, со цел „да го бранат уставниот поредок на Македонија“.
Забележани биле и група на граѓани со спремни транспаренти на плоштад Македонија.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ апелира за смирено и рационално однесување.
„Сакаме да истакнеме дека го разбираме гневот и незадоволството на граѓаните по информацијата за последната акција спроведена од институциите, но сме уверени, како многу пати порано соочени со вакви предизвици, дека ќе преовлада разумот, мудроста и зрелоста кај граѓаните“, стои во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.
Оттаму велат дека е потребно да се дозволи, целокупната постапка која е комплексна, сензибилна и повеќеслојна да биде препуштена на надлежните инстутуции кои треба да ја изведат во законска, транспарентна, професионална и отворена доказна постaпка преку која ќе се дознае вистината.


