Опожарена куќа во тетовско Ѓермо

Околу 600 илјади денари штета претрпел Х.Б.(36) од тетовското село Ѓермо по пожарот што вчера околу 13 часот избувнал во потпокривот на неговата куќа, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Според неговите информации, огнот избувнал во потпокривот каде се наоѓал кабелот со кој куќата се напојувала со електрична енергија од блиската бандера, по што брзо ги зафатил сите простории на првиот кат и подот во дел од приземјето. Во мометнтот на избувнувањето во куќата немало никој и затоа нема повредени, а од пожарот целосно се изгорени просториите на првиот кат и покуќнината поради што сопственикот штетата ја проценува на околу 600 илјади денари.

– Увид бил извршен уште во текот на вчерашниот ден, местото е фотодокументирано, подигнати се повеќе траги за вештачење и се работи на откривање причините и сите останати околности поврзани со овој пожар, рече Јосифовски.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести