-Бидејќи во континуитет се интересирате за работата на општина Струмица, очекуваме, барем еднаш да се јавите заради објективно информирање на јавноста. Општина Струмица, секогаш е отворена за соработка со сите медиуми, порачаа денеска преку соопштение Општина Струмица до новинарите на порталите Курир, Република, Нетпрес, Прес 24 и други провладини медиуми кои не ги објавуваат демантите од општината текстовите што ги објавуваат,
–пштина Струмица најостро ги демантираше овие објавени статии, што се однесуваат на поставената вртелешка на плоштадот „Гоце Делчев“.
-Во согласност со законските прописи, општина Струмица е должна благовремено и во законски рок да одговори на уредно поднесено барање за користење на јавна површина, било да е од здружение на граѓани или друг правен субјект.
Општина Струмица и во овој случај постапи согласно законските прописи и издаде решение за времено користење на дел од плоштадот, се објаснува во соопштението.
Ова значи дека општина Струмица не ја постави вртелешката и не ја чини ниту еден денар од општинскиот буџет, за разлика од вртелешката на Коце Трајановски во Скопје која чини 160 илјади евра, се наведува во соопштението.
-Општина Струмица, по кој знае кој пат им држи лекции на сите општини во Република Македонија, па и на градот Скопје, како се работи во интерес на своите граѓани, посочија од општината.


