Сушата во источна Македонија ги преполови површините под ориз во Кочанско поле. Минималните врнежи на дожд во текот на изминатите четири месеци ја оставија браната Калиманци да биде полупразна, објави Телма.
Донесен е планот за сеидба на оризот, од планираните 5.100 хектари, оризопроизводителите ќе можат да ја посеат оваа култура само на 2.500 хектари.
Оризопроизводителите велат дека годинава наместо ориз ќе сеат други пролетни култури, а веќе неколку години наназад во прилог не им оди ниту откупната цена. Неисплатата на субвенциите им е дополнителен проблем. Парите им се потребни за да ја извршат сеидбата.


