Ортега останува во Манчестер сити до 2026 година

Раководството на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити на својата интернет страница објави дека го продолжи договорот со голманот Стефан Ортега до 2026 година. 

Самиот голман изрази задоволство што ќе остане во тимот и во следните две години.

– Секој ден чувствувам нова мотивација и предизвик. Се подобрив како голман откако дојдов овде пред две години, вели Ортега во изјавата за официјалниот сајт на „Граѓаните“.

Голманот се пресели во Манчестер сити во летото 2022 година. Минатата сезона учествуваше на 20 натпревари на сите турнири, од кои на осум ја зачува мрежата „чиста“.

Вредноста на Ортега на фудбалскиот пазар изнесува девет милиони евра.

МИА

Најчитани вести