Оружена престрелка вo Тетово: Петмина повредени

Пет лица се повредени во вооружена престрелка и тепачка што се случила ноќеска околу 00,10 часот во населбата Дреновец, Tетовско.

„Во тепачката учествувале: Е.О. (22), С.О. (22) и Р.О. (53) од селото Доброште од една страна и Л.И. (24) и К.В. (21) од Тетово од друга страна“, соопшти полицијата.

Во пресметката освен огнено оружје било користено и ладно оружје и при тоа Е.О. се здобил со прострелна рана во пределот на десната натколеница, С.О. со прострелна рана во пределот на левата натколеница и Р.О. со убодна рана во пределот на средишниот дел од рбетот, додека Л.И. се здобил со убодна рана во пределот на вратот, а К.В. со огреботина на долните екстремитети.

Трите лица од Доброште се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, а Л.И. со здобиени тешки телесни повреди и К.В. со телесни повреди биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести