Oсновното училиште „Ванчо Китанов“- Пехчево стави лифт од сопствениoт буџет: Покажуваме дека инклузијата не е само збор, туку дело што сите заедно го поддржуваме

Во Основното училиште „Ванчо Китанов“ во Пехчево денеска беше пуштен во употреба нов лифт. Во ова училиште учат околу 200 деца, зградата е со 3 ката, а лифтот е направен за да им го олесни пристапот до сите училници на децата со посебни потреби.

„Заедно градиме училиште кое инспирира, мотивира и ги поддржува сите! 🌟

Денеска во нашето училиште официјално беше пуштен во употреба новиот лифт кој претставува значаен дел од нашиот постојан ангажман за подобрување на условите за учениците со посебни образовни потреби. Лифтот е направен од сопствениот буџет на училиштето.

✅ Оваа инвестиција е уште еден доказ дека сме посветени на создавање модерно и инклузивно училиште, каде секој ученик ќе има еднаква можност да се развива и напредува.

Покажуваме дека инклузијата не е само збор, туку дело што сите заедно го поддржуваме. Таа е наша заедничка обврска, а овој лифт е доказ за нашата посветеност да ги поддржиме учениците со посебни образовни потреби и да покажеме дека секој ученик е подеднакво важен.

⭕️Секој ученик заслужува можност да го достигне својот потенцијал во средина која ги почитува и поддржува неговите потреби’“, стои во објавата на училиштето на нивната страница на Фејсбук.

Досега овие ученици учеле само на првиот кат, но сега им е олеснет пристапот до сите училници.

Во ова училиште учат околу 200 деца.

Најчитани вести