Осум од осум за Барселона во Евролигата

Продолжува победничката серија за кошаркарите на Барселона во Евролигата, откако синоќа на гостувањето во Истанбул се спасија од пораз и стигнаа до осмата победа во исто толку одиграни натпревари во втората групна фаза.

Домаќинот Ефес Пилсен во последните две минути влезе со предност од седум поени, на четири секунди до крајот имаше три разлика, но преку „пенал завршница“ Каталонците се исборија за продолжение во кое доминираа.

Резултати на досега завршените натпревари од 8.коло во ТОП 16 фазата од Евролигата:

Е група: Анадолу Ефес – Барселона 84:89, Лаборал – Малага 71:81 и Емпорио Армани – Панатинаикос 77:75. Вечерва играат Фенербахче Улкер – Олимпијакос.

Ф група: Макаби – Галатасарај 97:81. Двојките за денеска се: ЦСКА Москва – Локомотив Кубан, Баерн Минхен – Жалгирис и Реал Мадрид – Партизан.

Табела Е група: Барселона 8-0 (победи – порази), Армани 5-3, Олимпијакос 4-3, Панатинаикос 4-4, Уникаха 4-4, Фенербахче Улкер 4-4, Анадолу Ефес 2-6 и Лаборал 1-7.

Табела Ф група: ЦСКА Москва 6-1, Реал Мадрид 6-1, Макаби 6-2, Локомотив 3-4, Баерн 3-4, Галатасарај 3-5, Партизан 1-6 и Жалгирис 1-6.

]]>

Најчитани вести