Откажани натпревари на Австралија Опен

На вториот ден од почнувањето на „Австралија опен“ натпреварите се откажани поради високите температури. Во Мелбурн денеска се измерени 36 степени целзиусови, а топлиот ветер дополнително го отежна одигрувањето на тениските натпревари на „Мелбурн парк“.

Организаторите најавија дека натпреварите ќе продолжат по 19 часот, кога условите ќе бидат подобри.

Не се играат десет натпревари – дуелите закажани на отворен терен, поточно на терен без покрив.