Иако своевремено победи на Евровизија, Марија Шерифовиќ нема право на национална пензија.
Пејачката Марија Шерифовиќ во 2007 година победи на Евровизија со песната „Молитва“ и благодарение на неа Србија беше домаќин на големото музичко натпреварување во 2008 година.

Откако Марија победи, се шпекулираше дали има право на национална пензија поради нејзиниот успех.
Шерифовиќ иако постигна голем успех, не доби право на национална пензија, бидејќи победниците на „Евровизија“ немаат авторско право за тоа.


