Откријте се себеси: Што прво ќе видите на сликата тоа сте?

1. Лице на жена Ако здогледате лице на жена, тоа значи дека лесно ја добивате довербата на другите. Можеби не секогаш се чувствувате најдобри, најпаметни и забавни во друштво, но тоа никој нема да дознае од прва. Секогаш оставате впечаток дека никој на луѓето околу вас нема да им го даде тоа што вие можете да им го дадете. Изгледате совршено, кул, но и вие сте сепак човечко суштество и има и моменти кога ќе ве фати паника. За среќа, вашиот смирувачки и навидум „ладен“ изглед секогаш ви помага во важните моменти како интервју за работа, конфликти со пријателите или семејството, паузите со вашиот партнер… 2. Жена на плажа Ако ја забележите жената на плажа, тоа значи дека премногу го трошите вашето време на непотребни работи и вашите желби се постојано на листата на чекање. Не дека не ви се допаѓаат луѓето, но секојдневната комуникација со нив ви зема премногу енергија. Секогаш по вашите излегувања и дружења со останатите, ви треба многу време за да се вратите во нормала и да бидете сами за да се наполните со енергија. Најсилната страна ви е начинот на кој се справувате со вашите потреби. 3. Дете на плажа Во животот ве води љубопитноста. Никогаш не можете да ги разбрете луѓето кои во сабота навечер седат дома и гледаат телевизија. Животот постои за да се живее, а работата е само начин за финансирање за секојдневните потреби. Најдобро знаете како за момент да се ослободите од минатото и да продолжите напред. Тоа што се случува не ви го одредува правецот за понатаму и не ве успорува. 4. Вода Вие сте меланхолична личност. Некои можеби мислат сте поет, но тоа не значи дека сте уметник. За вас секој момент е скапоцен и треба да се сака и да се ужива во него. Вие сте тип на личност која честопати е депресивна на својот роденден, бидејќи тоа го сфаќа како уште една година поблиску до смртта. Вие сте многу внимателни со луѓето што ги сакате.]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести