Една од најлошите работи во врска со живеењето во град е сообраќајниот метеж затоа што, не само што губите време и гориво, туку и чувството дека сте заглавени и не се движите понекогаш е едноставно неподносливо.
Единствениот момент кога овие гужви беа делумно намалени беше, иронично, за време на пандемијата, но сега се чини дека бројот на возила и минути потребни да стигнете од една до друга точка само растат од месец во месец.
Аналитичката компанија Inrix повторно го спроведе своето истражување со име Global Traffic Scorecard и анализираше различни факти за да утврди кои се градовите во кои возачите губат најмногу време во сообраќајниот метеж.
Лондон е на врвот на листата, каде што возачите губат просечно 156 часа годишно во сообраќајниот метеж, што ги чини околу 1.377 фунти годишно.
Втор на листата е Чикаго, каде што возачите поминуваат 155 часа годишно во гужва, што е зголемување од 49 отсто во однос на 2021 година.
Следи Париз, единствениот град на листата во кој има намалување на метежот, но каде што возачите сè уште губат 138 часа годишно.
Топ 10 листата изгледа вака:
1. Лондон
2. Чикаго
3. Париз
4. Бостон
5. Њујорк
6. Богота
7. Торонто
8. Мајами
9. Палермо
10. Монтереј
Извор: danas.rs


