Осумнаесет лица меѓу кои и три деца загинаа денеска во хеликоптерска несреќаво Бровари во Киевската област.
Хеликоптерот се урнал блиску до градинка и станбена зграда во Бровари.
Меѓу загинатите се министерот за внатрешни работи на Украина Денис Монастирски, неговиот заменик Евгениј Јенин и државниот секретар на Министерството за внатрешни работи Јуриј Лубкович.

Девет лица од загинатите биле во хеликоптерот. Уште 22 од останатите 22 лица се во болница, меѓу кои 10 деца.

– Хеликоптерот бил наменет за потребите на Државната служба за вонредни состојби. За време на летот, кога се случила катастрофата, тој беше на мисија – изјави портпаролот на воздухопловните сили на Украина Јуриј Игнат. Тој истакна дека подетални информации за овој настан ќе соопшти Државната служба за вонредни состојби.
Шефот на регионалната воена администрација на Киев, Олексеј Кулеба, рече дека во трагедијата во Бровари повредени се 29 лица, од кои 15 деца и сите се хоспитализирани, пренесува Би-Би-Си.
– Во моментот на трагедијата децата и персоналот на установата биле во градинката, појасни Кулеба.
Според локални медиуми, веднаш по падот на хеликоптерот, градинката била зафатена од пожар, по што веднаш е спроведена евакуација.


