Во јули 1994 година Џеф Безос ја основал својата компанија Амазон во гаража и со позајмени пари од неговите родители.
Тој ова го направил откако ја напуштил работата во банкарскиот фонд “D. E. Shaw & Co” во кој бил постар заменик претседател.
Амазон била замислена и започнала како онлајн продавница за книги, а реакцијата на неговите пријатели, од кои многу мал дел прифатиле да инвестираат во компанијата, била, кој купува книги?!

Кога побарал пари за Амазон, на родителите им рекол дека можеби никогаш нема да им ги врати, но наместо тоа, тие станаа основачи на компанијата што го направи Безос еден од најбогатите луѓе во светот.
Името “Amazon” било избрано по реката Амазон главно поради 2 причини. Слоганот на компанијата бил „Earth’s biggest book store“, и името било на A, па сајтот ќе се појавувал погоре во листинзите кои во тој период биле по азбучен ред. Така визуелизирал Безос, или уште подобро. А за тоа дали на фотографијата е Безос?! Тој е. На почетокот “Амазон” работел по принцип на ротација на два дена и самиот Безос ротирал и лично ги доставувал сите порачани пратки.



