Тагата на семејството Диневи не може да се опише со зборови, особено затоа што загубија сопруга и мајка чиј живот завршил во сообраќајна незгода, но нивата храбра и благородна одлука спаси нечии животи.
На социјалните мрежи се споделува фотографија на која се гледа лекарски тим како се поклонува пред тело на починат.
За волја на вистината симболиката е иста, но иако се спомнува името на денешната хероина, фотографијата е направена во болница во Кина. Во објавената вест се работи за жена од Кина, која уште додека била жива и здрава, одлучила по нејзината смрт да ги донира своите органи. Кога дошол моментот семејството ја поддржало нејзината одлука.
Трансплантацијата на органи во Кина не е новост, но за разлика од високоразвиените земји до 2010 година имале само 37 лица кои се согласувале своите органи по смртта да бидат донирани на други лица. Во 2015 година Кина ја забранила дотогашната пракса земање на органи од починати затвореници.
Во 2016 година, бројот на доброволни донатори на органи во Кина се искачил на 4.080, додека стотици илјади Кинези чекале органи за донирање.

Семејството на жртвата тогаш барало името на починатиот да не биде објавено, затоа што не сакале да бидат цел на предрасудите, пред се од своите соседи, но и пошироко, бидејќи нивната традиција им налага телото да биде целосно.
За да се зголеми свесноста од потребата за донирање ограни лекарски тим се поклонил пред телото на починатиот чии органи биле донирани, со својот чин искажувајќи му ја својата огромна благодарност кога настанала и оваа многу моќна фотографија.
]]>


