Oваа жена има најубави нозе во Холивуд

Aктерката Шарлиз Терон присуствуваше на премиерата на филмот „Fast X“ во Рим, облечена во црно со еден интересен детал кој даде фанки нота на нејзиниот изглед.

Актерката, која важи за жена со најубави нозе во Холивуд, и овојпат се потрудила да ги истакне своите најдобри атрибути, носејќи проѕирна креација која го истакнува нејзиното деколте, но и долгите нозе.

Црните салонки, но и кожената беретка, беше хит на целокупниот нејзин стајлинг.

Што се однесува до нејзината завидна фигура и извајани нозе, „виновникот“ е пилатесот.

„Зависна сум од пилатес, кој целосно ми го промени телото. Секогаш сум пресметана кога станува збор за вежбање – ако не сум се движела многу, тогаш не смеам ни многу да јадам – ​​изјави еднаш Оскаровката.

Најчитани вести