Температурата во затворен автомобил, на топло, лесно може да надмине 50 степени Целзиусови. И во такви услови може да експлодираат заборавени запалки или парфеми, а истото важи и за шишиња со газирани пијалоци.
Секој кој барем еднаш седел во автомобил оставен на сонце знае колку пеколно топло може да биде внатре, па затоа е многу важно да внимавате што оставате во возилото.
Корисничка на Tik Tok по име Master Driver објави вирално видео во кое ги наброја најризичните работи што можете да ги оставите на високи температури.

– На прво место на експлозивни работи се запалките. Во нормални услови, запалката ќе се прошири и ќе експлодира веќе на 50 степени Целзиусови, а температурата во автомобилот често е многу повисока, што е многу опасно. Исто така, газираните пијалоци се шират на топлина и можат многу лесно да експлодираат. Истото важи и за чашите или пијалоците оставени на главната конзола под директна сончева светлина – наведува таа и додава:
Парфемите или дезодорансите се многу опасни бидејќи содржат алкохол. Тие се спакувани под висок притисок и лесно можат да експлодираат по изложување на високи температури. Батериите за напојување за лаптопи или мобилни телефони се многу нестабилни и тие се бомби кои можат да експлодираат, пишува Република.


