Оженете се за 500 евра: Eргените од Свети Николе добија мотивација

Советот на Свети Николе донесе одлука на неоженетите мажи над 40 години кои ќе одлучат да стапат во брак да им додели по 30.000 денари, пренесе МИА. Градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев вели дека одлуката треба да стапи во сила од 1 февруари.

– Во селата низ Светиниколско имаме околу 600 ергени, од кои во неколку села има по 15 или 20, вели Тасев.

Тој додава дека на овој начин ќе ги мотивираат мажите над 40 години кои се уште немаат склучено брак да си најдат невеста, а се очекува и да се зголеми наталитетот во општината. Тасев се надева дека оваа подршка од општината ќе ги мотивира неоженетите над 40 години да стапат во брак.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Топ Вести