Елиминацијата на Арсенал во осминафиналето од Лигата на шампионите може да му донесе дополнителни проблеми на менаџерот Арсен Венгер. На полувремето Венгер поради повреда (тетива) мораше од игра да го извади Месут Озил.
Германскиот интернационалец е најскапиот играч во редовите на „топџите“ и еден од најважните играчи во средниот ред, па ќе биде голем проблем за тимот доколку неговата пауза трае долго.
По натпреварот со Баерн, Венгер потврди дека Озил е посериозно повреден.
– Повредата е сериозна. Играчот ќе мора да мине дтални прегледи (на скенер), а со сигурност ќе паузира неколку недели. Во рамките на викенд колото од Премиер лигата в недела Арсенал ќе игра против градскиот ривал Тотенхем, изјави менаџерот на Арсенал.
]]>


