Во текот на изминатите 24 часа сообраќајната полиција на подрачјето на Град Скопје изврши увид на четири сообраќајни незгоди. Од нив во една пешак се здобил со тешки телесни повреди, две се само со материјална штета, а една со лесни телесни повреди на возачот.
Како што информира МВР, сообраќајната незгода со потешки последици се случила на улицата „Македонска бригада“. Во неа учествувале патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички и пешак, двајцата граѓани на Скопје, при што пешакот се здобил со тешки телесни повреди.
Сообраќајната полиција вчера откри и санкционира четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 91 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во текот на денешниот ден поради проширување и реконструкција на коловозот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ сообраќајот ќе се одвива со изменет режим и ќе биде пренасочен од крстосницата со булевар „8 Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“.
]]>


