Пак е уапсена краварката од Кривопаланечко – ги бркаше кравите во шума за да не ги залови државата

Полицијата вчера повторно ја уапсила ќерката на сопственикот на кравите во Крива Паланка за кои има наредба да се заловат, откако таа ги попречила екипите на Агенцијата за храна и ветеринарство да ги одземат нивните крави. Според МВР, девојката трчала по кравите за да ги разбрка и да спречи нивно одземање.

„На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни-крави“, информираа од МВР.

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

извор:Slobodenpecat.mk

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести