Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска организира панел-дискусија по изнесените предлог-измени на Законот за медиуми со акцент на онлајн медиумите.
Како што најавуваат од ССНМ, на панел-дискусијата своите ставови ќе ги презентираат претставници на медиумите, здруженија, вработените во медиумите и сите инволвирани во медиумската индустрија.
Панел-дискусијата ќе се одржи во „Europe House“ – Скопје, од 11:00 до 13:00 часот.
МИА


