Паника низ цела Хрватска: Недостаток на гориво на некои пумпи, утре нови цени на горивата

Војната на Блискиот Исток доведе до многу нарушувања во системите за снабдување. Цените на енергијата растат, а барел сурова нафта од типот Брент скокна од 71 долар пред три недели на 114 долари.
Поради оваа причина, Владата на Хрватска на денешната седница усвои нов пакет мерки за заштита на домаќинствата и економијата од зголемување на цените, во вредност од 450 милиони евра.

Една од мерките е продолжување на регулирањето на цените на горивата.
Значи, од утре и во текот на следните две недели, цената на евродизелот ќе се зголеми од сегашните 1,55 евра на 1,73 евра, а без владини мерки цената би била 1,86 евра. Од утре, евросупер ќе чини максимум 1,62 евра (сега 1,50), а без владини мерки би изнесувал 1,71 евро.
Многу возачи веќе се упатија кон бензинските пумпи денес пред новото зголемување на цените.
Гужви се видливи во Осиек, Шибеник… На една од бензинските пумпи на ИНА во Осиек се појавил знак на кој пишувало „нема на залиха“.

ИНА го објаснува ова за Вечерње лист на следниов начин:

„Доколку повремено има недостапност на одредени горива на одредени малопродажни локации, тоа е резултат на зголемена побарувачка, делумно поттикната од реакцијата на потрошувачите на актуелните настани. Понудата е стабилна и ИНА ги презема сите потребни чекори за да обезбеди континуитет на снабдувањето на своите локации, пишува Б92.

Најчитани вести