Паника во плачковичките села – осуден убиец се шета со список за отстрел?!

Цели 24 часа мештаните од Плачковичките села живеат во паника. Стравуват за своите животи откако сношти во селото  Ебеплија со автоматска пушка во семејната куќа 35-годишен маж со иницијали Ш.М во раката го застрелал својот помал  брат, кој откако бил хоспитализиран во  штипската болница е надвор од животна опасност. Тврдат дека напаѓачот е Мустафа Шефаит, човекот кој пред шеснаесет години во карбинското село Црвулево уби тројца, а рани уште две лица. Плашејќи се за својата безбедност, но и за безбедноста на своите најблиски во телефонски разговор за Алфа тврдат дека Шефаит имал список за отстрел на околу осумдесетина лица, за кои мислел дека го предале за масакарот кој го  извршил во Црвулево. Цела ноќ полицијата трагаше по напаѓачот. Истрагата прдолжи и во текот на денешниот ден. Блокирани се сите патишта кои водат до плачковичките села.

Година и половина жителите од Плачковичките села Парналија, Калузлија И Ебиплија тврдат дека живеат во страв. Откако Шефаит излегол од затвор, ги тероризирал, а често пати од  неговата куќа се слушале и истрели од огнено  оружје.

До колку се потврди тврдењето на месното население станува збор за исклучително агресивна и насилна личност. Тој на 19години на 8ми март 2000 година со ловџиска пушка застрела три, а рани две лица меѓу кој и братот во кој сношти повторно пукал. Убиецот тогаш доби казна затвор од 20години, но подоцна казната му била намалена на 15. Додека бил во Идризово нападнал и повредил двајца затвореници, а друг затвореник поради нерасчистен финансиски долг со нож за јадење неколку пати го прободел во слабините.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести