Папата Франциск во петок ќе оди во историска посета на Ирак, чин на солидарност со тамошната древна, но сè помала христијанска заедница и симболичен гест кон муслиманите.
Предвидено е посетата на Папата да трае 4 дена, а се одржува во време кога Ирак, разурнат од повеќедецениските конфликти, се соочува и со смртоносен бран на ширење на коронавирусот, но и нови насилства.
Прогонството на христијаните ја намали христијанската заедница во Ирак – една од најстарите во светот – која во 2003 година имаше 1,5 милиони верници, а само 400 000 денес.
За безбедноста на посетата на Папата се грижат бројни тимови од Ватикан, кои веќе го посетија Ирак.
Папите Јован Павле Втори и Бенедикт Шеснаесетти не можеа да го посетат Ирак од безбедносни причини, а бидејќи оваа посета на папата Франциск е планирана уште во декември, нема да се одложи доколку епидемиолошката состојба во Ирак го дозволи тоа.
]]>


