Папата Франциск имал мирна ноќ

Папата Франциск имаше мирна ноќ и се одмара, соопшти утрово Ватикан во редовниот извештај за здравствената состојба на поглаварот на Католичката црква.

Ватикан синоќа соопшти дека клиничката состојба на папата Франциск во последните неколку дена останува стабилна и тој добро реагира на терапиите.

Папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови.

МЛекарите синоќа информираа дека папата Франциск е во стабилна состојба, без треска и добро ниво на кислород во крвта.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести