Пеле беше опериран претходно овој месец и до вторникот беше на одделот за интензивна нега. Меѓутоа, загриженоста околу здравјето на трикратниот светски првак и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, се зголеми откако бразилските медиуми вчера објавија дека Пеле е вратен на одделот за интензивна нега,
Болницата „Алберт Ајнштајн“ поради тоа објави соопштение во кое се наведува дека станувало збор само за „кратка респираторна нестабилност“ и оти префрлувањето на одделот за интензивна нега било само „превентивна мерка“.
Пеле е вратен на одделот за полу-интензивна нега и неговата кардиоваскуларна сотојба е стабилна.
Смирувачки пораки преку социјалните мрежи испрати и ќерката на Пеле, Кели Насименто, објавувајќи на Инстаграм дека нејзиниот татко „заздравува добро“.
– Нормален тек на рехабилитација за некој на негови години е два чекора напред, еден назад, напиша Кели Насименто.
Пеле веќе со години има проблеми со колкот и не може да се движи без помош поради што уште пред пандемијата ги редуцираше своите настапи во јавноста.
МИА
]]>


