Манчестер Сити синоќа доживеа елиминација од Барселона во Лигата на шампионите, а прва жртва за неуспехот во најелитното клупско натпреварување е тренерот Мануел Пелегрини.
Раководството на англискиот тим доцна синоќа имало состанок на кој била донесена одлука Мануел Пелегрини да добие отказ. Сепак, официјално оваа одлука ќе биде соопштена по завршувањето на сезоната, односно Чилеанецот ќе биде оставен да го предводи тимот до крајот на сезоната во Премиер лигата.
Покрај Пелегрини, на трансфер листа ќе бидат ставени Александар Коларов, Демикелис, Стеван Јоветиќ, Јаја Туре, а од клубот сигурно ќе замине Џејмс Милнер на кој му истекува договорот по завршувањето на сезоната.


