Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид во последно време игра во одлична форма и во домашните натпреварувања и во Лигата на шампионите. Таквиот развој на настаните му влева оптимизам на одбранбениот играч Пепе за успех во елитното натпреварување.
– Верувам дека можеме да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите. Играме многу добро и во Шпанија и на евро-сцената и мора да тежнееме кон врвот. Во домашните натпреварување успеавме да стигнеме до финалето во Купот на кралот, се искачивме на лидерското место, а речиси сме во четвртфиналето од ЛШ, изјави португалскиот интернационалец на Реал.
Мадридскиот клуб во првиот дуел од 1/8финалето на Лигата на шампионите убедливо го победи Шалке во Гелзенкирхен со 6:1.
Реваншот е на 18 март во Мадрид.
]]>


