Во Њујорк Перо Антиќ приведен, кошаркар на Индијана прободен

Перо Антиќ бил приведен во среда во клубот„ 1 OAK“ во квартот Челзи во Њујорк.

Во информацијата објавена на „Њујорк дејли њус“ пишува дека Антиќ заедно со неговиот соиграч Табо Сефолоша биле приведени по тепачка во коојашто биле прободени кошаркарот на Индијана Пејсерс, Крис Коупленд и неговата сопруга. Антиќ бил приведен бидејќи ја спречувале полицијата да направи увид на местото на инцидентот.

Инцидентот се случил околу четири часот по полноќ по локално време.

Антиќ и Сефолоша одбиле да се поместат кога полицијата почнала да врши увид, па се обвинети за попречување на службените лица.

Најчитани вести